Утрински Весник
Македонија

Архитектот на зградите кај „Холидеј Ин”: Петицијата не е за стопирање на градбата

ДКСК: Планирање за 1 денар по квадрат во Центар е можнст за зделки меѓу планерот и сопствениците

Архитектката Јана Гугуловска-Ѓорѓевик смета дека никој не сака да го спречи градењето кај хотелот „Холидеј Ин“, каде што сега има паркинг. Таа при презентација на проектот рече дека беспредметно е да се прави муабет за онлајн петицијата. Досега, преку онлајн платформата се потпишани над 9.000 граѓани, кои велат: „Не за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотелот ‘Холидеј Ин’“.

„ Што се однесува до петицијата, јас колку што знам таа гласи ‘Не за масовни чудовишта’, а не е за не градење или стопирање на градба. Имајќи во предвид дека таа макета изработена од наши колеги, не соодејствува со деталниот урбанистички план според кој е правен овој проект, мислам дека е беспредметно да правиме муабет за некаква петиција, која што е направена врз база на некакви си модели кои не се согласни со ДУП. Јавноста треба да види дали била изманипулирана или не“, рече архитектаката Јана Гугуловска-Ѓорѓевик.

Инаку, во петицијата стои дека проектот е предвидено да се реализира во три фази. Во првата фаза изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза – изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда – кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев, и неколку невладини организации и граѓани бараат да го спречи градењето на висококатници на паркингот кај Холидеј Ин. Според нив ова е ултимативна шанса за Скопје која мора да се искористи во име на граѓаните, а не во интерес на инвеститорите.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите