Утрински Весник
Спорт

Артета за Пепе: На ова ниво тоа е неприфатливо

Артета за Пепе: На ова ниво тоа е неприфатливо

Дуелот на Езџјан Алиоски и Пепе, по кој играчот на Арсенал доби црвен картон е тема на денот во англиската фудбалска јавност.

Најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал, во 52.минута, мораше да го напушти теренот во Лидс.

Пепе со овој потег, дополнително го навлече гневот на својот менаџер Микел Артета.

„Тоа е неприфатливо. Неприфатливо. На ова ниво не можете да правите вакви глупости“, рекол Артета.

Дуелот со Лидс беше само втор во Премиер лигата, кој Пепе го започна во стартната постава. .

Никола Пепе, летото во 2019 година, за сума од 80.000.000 евра од Лил се пресели во Арсенал.

> Артета за Пепе: На ова ниво тоа е неприфатливо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите