Утрински Весник
Спорт

Артета во конфликт со Гендузи, го испрати во вториот тим

Артета: Играњето против Лидс е како да одите кај заболекар

Лондон, 18 февруари 2020 (МИА) – Во Арсенал, првиот конфликт меѓу тренерот Микел Артета и фудбалер е факт. Се работи за играчот од средниот ред Матео Гендузи, а причината е непозната, информира „Телеграф“.

Тренерот и играчот влегле во расправија уште за време на кампот на Абу Даби. Спорот на фудбалскиот терен преминал дури и во хотелот по тренингот. Откако Арсенал се врати во Лондон, работите не се подобриле и најверојатно се продлабочиле.

Во моментов, Гендузи тренира со младинската екипа на „топџиите“ и недостасуваше на последниот натпревар – победа против Њукасл. За време на сезоната досега, 20-годишниот играч од средниот ред има забележано 29 натпревари за англискиот клуб, во кои направи 3 асистенции.

Договорот на Французинот со клубот е до 2022 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026