Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Талат Џафери да ја стави на дневен ред интерпелацијата и да не се крие и бега

„Помина подолг период од кога ја видовме снимката од пцовките, неартикулисаните и примитивните случувања кои произлегоа од однесувањето на Талат Џафери во Собранието. Се обидуваше да ги избегне да ги премолчи. Еве не сака да ја интерпелацијата на дневен ред, очигледно е дека е исплашен, бега, се крие. Свесен е дека сето она кео што го направил, не оди во полза на граѓаните и Собранието, но за ова треба да сноси одговорност и треба што побрзо да ја стави да не речам веднаш, интерпелацијата на дневен ред од едноставна причина затоа што никој не смее да се однесува така примитивно во Собранието на Република Македонија и да ги навредува вработените и да го нарушува нивното достоинство, бидејќи сите тие луѓе имаат семејства а нивните семејства ги слушнаа пцовките и примитивниот начин на однесување на претседателот на Собранието Талат Џафери”, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Така да треба веднаш да се стави на дневен ред интерпелацијата бидејќи треба да се сноси одговорност за примитивно однесување кое што го имаше претседателот на Собранието, посочи Арсовски.

Можете да прочитате

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани