Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Со одбивањето Гаши да биде премиер Албанец до избори, СДСМ и ДУИ покажаа дека важна им е само фотелјата

Арсовски: Со одбивањето Гаши да биде премиер Албанец до избори, СДСМ и ДУИ покажаа дека важна им е само фотелјата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната трибина во партиското седиште насловена „Нов договор-заеднички патриотизам“ посочи дека единствено важно за власта е местењето на тендерите.

Арсовски рече дека со одбивањето на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши од Алтернатива да биде премиер Албанец до новите предвремени парламентарни избори, власта покажала дека важна им е само фотелјата.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ вчера предложи премиер Албанец до предвремени парламентарни избори, а тоа е Африм Гаши веднаш скокнаа и СДСМ, и ДУИ, односно власта и со тоа уште еднаш да покажат повторно дека ним не им е важно како ќе развива државата, ним единствено им е важно да се задржат на столчето, односно да ја добијат функцијата како некој си триумф за да можат да продолжат понатаму со целиот оној криминал кој што го прават. Напротив од сето ова, ВМРО-ДПМНЕ со новиот договор, со новата доктрина и новата политика согласно новото време, промовира нешто сосема поразлично, а тоа е издригнување на Република Македонија кое би почнало веднаш по новите предвремени парламентарни избори“, рече Арсовски.

Можете да прочитате

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата

Синдикатот предупредува со години, М-НАВ уверува – колку е навистина безбедно македонското небо?!

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост