Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Се барале 250.000 евра во кеш за Вице или СВ ИНВЕСТ да врши 50% од ископот во РЕК Битола

Арсовски: Се барале 250.000 евра во кеш за Вице или СВ ИНВЕСТ да врши 50% од ископот во РЕК Битола

Ако некогаш се сомневавте зошто сме 111 место во светот по корупција, одговорот е затоа што Вице Заев, Зоран Заев, Васко Ковачевски, Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и уште многу други се на слобода и ја користат формалната и неформална моќ за рекетирање на бизнисмени, oбвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Накратко она што го видовме во пријавата, фирмата Рубитон добива работа од РЕК Битола, Васко Ковачевски и Стојан Чифлигароски од нив бараат да им дадат половина работа од тендерот на СВ Инвест која што е во сопственост на Чифлигароски, што не е законски, потоа бараат да им го дадат целиот тендер на СВ Инвест, што исто така не е законски, за потоа да бараат лично да се однесат 250.000 евра во кеш во Вила Парк во Струмица, директно на Вице Заев. За на крај, големиот рекетар Вице Заев, братот на премиерот Заев да се изнервира и да им се налути на сопствениците на Рубитон, по што насилно РЕК Битола ги брка Рубитон и им прави штета од над половина милион евра и на крај работата во договор со 4 очи да ја зема СВ Инвест“, го образложи случајот портпаролот на опоизциската партија.

Арсовски обвини дека се одело до таму да се фалсификуваат и менуваат официјални документи од пријавата на оштетените од фирмата Рубитон, со цел, како што кажа, да се избрише името и да се спаси братот на премиерот.

„Јавното обвинителство со ваков очигледен случај, ако се уште молчи и уште денес не отвори случај за овие 2 криминални дела, уште еднаш ќе потврди дека е само нем послушник и соработник на крими-картелот Заеви“, порача Арсовски.

Според него, горенаведените ликови веќе требало да бидат повикани во обвинителството да дадат искази и за нив да се водат соодветни процеси.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје