Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Отворените листи и една изборна единица се солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик

Арсовски: Отворените листи и една изборна единица се солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик

Отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик, локалните избори да се оддржат во еден изборен круг, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во однос на предлозите на Маричиќ за една изборна единица и отворени листи, Арсовски вели дека СДСМ треба и официјално да соопштат дали тоа е нивниот конечен став, со оглед на тоа што во минатото повеќе работи биле договорени во таа насока, па потоа се предомислиле и го промениле мислењето.

„Сметаме дека отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик како и нашиот предлог локалните избори да се оддржат во еден изборен круг со цел да се заштедат пари на граѓаните во период на тешка економска криза и да се заштеди време во кое ќе се спроведе изборниот процес. Исто така, бараме, еднаш засекогаш да се регулира гласањето на дијаспората“, рече Арсовски.

Говорејќи за судството, Арсовски истакна по 4 години власт, ниту еден случај за кои тие самите велеле дека е криминален нема добиено правна разрешница, но затоа има десетици други нови случаеви каде криминалот на власта е толериран.

Само последниот месец, додава Арсовски, пропадна Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра, а парите отидоа во џебот на струмички фирми блиски до Заеви.

„Се случи и афера со панамски пари за бизнис зделки помеѓу Зоран Заев и бизнисменот Дака Давидовиќ за нови 2.000 станови во Тетово, се случија нови седумнаесет катници за развој на урбаната мафија во скопската населба Ѓорче Петров, се случи поскапата струја чиј профит се одлева во една струмичка компанија за обезбедување, или фактот што партиската маша на Зоран Заев, Марко Бислимоски спротивно на закон е првиот човек на Регулаторната комисија“, додаде Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд