29 април 2020
прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
СДСМ фалсификаторска сеуште не се извини за ширењето лажни вести кое што го прави изминатиот период.
Истрагата на МВР покажа дека снимката со која манипулира СДСМ фалсификаторска датира од пред повеќе од половина година, а истото тоа го потврдија и до фитнес центарот за кој што станува збор. Свесно лажеа и свесно ја манипулираа македонската јавност со една единствена цел за прибирање на ситни политички поени и дефокус од реалната ситуација која што ни се случува
Наместо СДСМ фалсификаторска да ја пушта свесно да се бламира јавно Славјанка Петровска и да продолжува да лаже како што и наредил нејзиниот шеф Зоран Заев за да им го испере срамот, треба да земат уште веднаш да им се извинат на граѓаните што ги лажеа за снимката која што ја пуштија во јавноста.
На лагата и се кратки нозете. Граѓаните веќе гледаат кој ги лаже и манипулира. Штом лажат за една ваква снимка, замислете како лажат за грабежот што и го направија на Република Македонија изминатиот мандат.
Прво, најмалку што може да направи во моментот СДСМ фалсификаторска е да се извини на јавноста и на граѓаните и да си го собере срамот, иако таква партија со такви луѓе нема никаков срам. Да имаа срам, одамна ќе беа пензионирани политичари.
Второ, какви структури на СДСМ фалсификаторска го следат Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дали тој и неговото семејство се предмет и цел на следење од структури на СДСМ фалсификаторска кои што се закана за нивната безбедност?
Ова е класичен хибриден режим во кој граѓаните се предмет на тортура од страна на власта на СДСМ фалсификаторска и Зоран Заев. Одговорност за ова мора да има и ќе има. Бараме одговорност за сите инволвирани и бараме кривична одговорност за сторителите на ова.
СДСМ фалсификаторска е непресушен извор на лажни вести за собирање ситни политички поени. Нема ден, а да нема по нова лага што произлегува од нивната кујна . СДСМ фалсификаторска е синоним за лажни вести во Република Македонија .
Извинување е најмалку што можат да направат во моментов. Но, граѓаните веќе ја проценија каква фалсфикаторската партија и политика водат СДСМ и верувајте дека граѓаните ќе ги казнат на изборите кога и да се случат.
Прашање од Канал 5: И покрај ставот на претседателот на Собранието дека не може да биде свикана седница на парламентот од СДСМ велат дека нивниот став останува непроменет и дека треба да се одржи итна седница на Собранието со аргументи дека е неопходна потврда на одлуката за вонредна состојба, но и поголема контрола над работата на Владата. Дали очекувате власта да посегне по други начин да го свика Собранието и како Вие би реагирале во тој случај?
Одговор: Па дали власта ќе посегне по други алтернативни начини да го свика собранието сепак ќе треба да се постави ова прашање до власта од страна на медиумите. Нашиот став останува непроменет дека Собранието не може да се свика и не може да се оди против уставот бидејќи сепак се работи за поранешни пратеници. Тоа веќе го повторивме и неколку пати о нотиравме, но сепак не може да го разбере власта бидејќи е научена константно изминатите години да ги крши законите и Уставот во Република Македонија. Она што е важно во моментот за ВМРО-ДПМНЕ е фокусот на здравствената кризата која што во моментот ни се случува и нормално закрепнување на економијата во Република Македонија која што беше и онака разурната, но во моментот крахира поради кризата од пандемијата од корона вирусот, но и сепак дополнително за кои што се виновни СДСМ е грабежот од над 120 милиони евра за само 3 месеци од почетокот на годината каде што мислејќи дека ќе има избори за да направат предизборен поткуп на граѓаните ограбија и потрошија над 120 милиони евра и направија една огромна дупка во Буџетот. Така што тоа е фокусот во моментот на ВМРО-ДПМНЕ, најважни се граѓаните, здравјето и закрепнувањето ан економијата на Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки