Скопје, 7 март 2020 –
Република Македонија, граѓаните и СДСМ се заложници на очајниот истрошен политичар Зоран Заев.
Длабоко во себе како што можете сите да забележите од јавните настапи Зоран Заев е исплашен и свесен дека рејтингот му е во минус, во слободен пад, избегнува лидерски соочувања со претседателот и иден премиер на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.
Зоран Заев има обврска да одговори на едно и единствено прашање и се уште чекаме одговор и ние и целата јавност, а тоа е, дали сега, кога ќе ги изгуби на изборите на 12-ти април, веднаш, вечерта на прес конференција јавно ќе си даде оставка и ќе си замине засекогаш од политиката?
Дали Зоран Заев кога ќе изгуби на 12-ти април вечерта ќе се тргне од политичката сцена и ќе се соочи со институциите за се што има сомнеж дека направил криминално односно дали после тоа веднаш ќе даде оставка за да продолжи да одговара низ институциите.
Ајде да видиме колку е сигурен Зоран Заев во својата победа, каде што веќе и неговите најблиски и самите кажуваат и брифираат дека заминуваат во опозиција и веќе му ја кројат капата народски кажано на Зоран Заев внатре во партијата, па така нека каже дали кога ќе изгуби на изборите на 12-ти април ќе си даде оставка и ќе се повлече?
Како што реков, Зоран Заев е исплашен, истрошен и очаен политичар. Се плаши и од судот на народот, се плаши и од судот на неговото изневерено членство кое што го изневери, но се плаши од судот кој нема да биде под неговите канџи после 12-ти април и ќе работи согласно Уставот и Законите.
Заев е исплашен затоа што нема повеќе кој да го амнестира и ќе мора да сноси одговорност.
Овие избори граѓаните ќе бираат наспроти лагите на Заев и СДСМ, криминалот на Заев и СДСМ, корупцијата на Заев и СДСМ, рекетот на Заев и СДСМ, катастрофалното здравство, образование, правосудство и се останато, наспроти честа и достоинството на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, визијата и програма за Обнова на Македонија, капацитетот и знаењето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, принципите и чесната понуда и програма на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев изминативе години е историска катастрофа за Република Македонија, а после 12-ти април ќе биде само една историска фигура на ѕидот на политичкиот срам кој ќе одговара за сите свои постапки направени изминативе години.
Прашање: Дали претстои црна кампања и дали вашиот став во врска со новите бомби во кои можеше да се слушне гласот на Милошоски како тој влијае врз судството во предмет во кој што е опфатен и неговиот татко?
Одговор: Најпрво има разлика меѓу црна кампања и вистината која треба да ја дознаат граѓаните. Воопшто не треба да стравуваме од црна кампања. Единствен кој што треба да стравува, а веќе гледаме нервоза во неговите редови, нервоза кај него и стравува од дознавање на вистината на граѓаните, тоа е Зоран Заев и едноставно можам да кажам дека треба да биде подготвен да се соочи, да се сноси со сето она кое што го направил изминативе неколку години бидејќи тоа јавноста треба да го види јавно и да го препознае, односно да го препознае неговиот криминал кој што го правел изминативе години. Апсолутно ВМРО-ДПМНЕ има своја програма „Обнова за Македонија“ која што веќе почнавме да ја промовираме, која што ќе биде и понатака во текот на наредниот период јавно промовирана на настан која што има визија, план, проекти за обнова на Македонија. Тоа е позитивниот дел, во однос на негативниот дел кој што го споменавте „црна кампања“ веќе беше одговорено на тоа прашање дека ние сме подготвени за тоа да одговориме соодветно онака како што сме испровоцирани од СДСМ. Во врска со второто прашање во однос на вчера објавените бомби се покажа уште еднаш дека Зоран Заев извршил по илјадити пат кривично дело, тоа е дека не ги предал сите оние бомби или прислушувани разговори во периодот од 2008 година до 2015 година, што значи дека е кривично дело, дека најверојатно уште ги поседува дали тој или некој негов близок, внатре во редовите на СДСМ. Тие го најавија како бомби, се виде дека биле петарди. Имаше вчера и пратеникот Антонијо Милошоски барање до Зоран Заев за јавно соочување, да ги соочат двајцата сите оние материјали кои што ги поседуваат во однос на снимени разговори итн. од укажувачи, јавно да ги соочат пред медиумите и да граѓаните сами проценат што и како има во нив. За се останато подетални би ве упатил да се повикате на вчерашното излагање на пратеникот Антонијо Милoшоски.
Прашање: Ваш личен коментар за содржината на бомбите?
Одговор: Конкретно мој личен коментар, најпрвин имаше институција наречена Специјално Јавно Обвинителство кое што не треба да ја заборавиме, ниту ние, ниту граѓаните, ниту вие новинарите кое што беше формирана и направена за индициите од бомбите да ги преточи во судски процеси или СЈО да ги истражи, да види дали имало или немало криминал во тие бомби. Таа институција СЈО беше задолжена токму за тие бомби да истражи дали има криминал или нема. Сите знаеме како заврши таа институција. Ова е уште еден показател дека во Република Македонија, Зоран Заев изминативе години дали со функционери, поранешни, сегашни, пратеници функционери и се останато функционира на принцип на уценување, притисоци, закани и рекетирање со тие бомби кои што гледаме дека ги поседува, а сега гледаме дека не ги предал во обвинителство. За содржината тоа треба институциите да го оценат, како што кажав беше задолжена институцијата СЈО, а во однос на она кое што јас го слушнав во ниту еден случај, во ниту еден случај не чув дека Антонио Милошоски му вика на соговорникот направи вака или направи онака, или пак средив да биде вака или онака по принципот на „трас, трас“ судството како што слушнавме во бомбите за Зоран Заев. Повторно би потенцирал и би се навратил на суштината на овие бомби, на овој случај. Најпрво дека Зоран Заев е нервозен, а потоа дека се гледа дека направил кривично дело, дека се уште има и поседува бомби кои што не се предадени во јавното обвинителство и така би го повикал уште еднаш Љубомир Јовевски кој што е негов привезок и Вилма Русковска која што работи под негова команда уште веднаш да отпочнат случаи и да истражат дали истите бомби се предадени сите, колку не се предадени и каде и кој ги поседува во редовите на СДСМ или од околината на Зоран Заев.
Прашање: Деновите пред истекот на роковите за поднесување на кандидатските листи се при крај, имате најава кога би ги објавиле комплетните листи, но сепак дали веќе има некакви одлуки во однос на листите особено што дел од носителите на листите во дел од јавноста циркулираат како на пример дали Гордана Силјановска ќе биде во кецот, Рашела Мизрахи во двојката или Мицкоски во четворката?
Одговор: Да сепак би повикал и јавноста и медиумите да се стрпиме уште неколку денови каде во средината на наредната недела ќе бидат обзнанети на настан сите кандидати за пратеници, носители на листи. Се уште се прават финалните пресметки и анализи во партијата. Можам да кажам дека за неколку денови ќе имаме и состанок на централниот комитет, највисокиот орган на партијата, така што со детални информации би излегле во средината на наредната недела.
Прашање: Кои се кандидатите барем неофицијално?
Одговор: Па тоа како што реков се уште не можам да ви кажам бидејќи се уште е во тек на изработката изборните листи, она што можам да го кажам е дека ќе има секаква буквално застапеност на листите и дека ќе биде согласно законите кои што ги пропишува изборниот законик за поднесување на изборните листи.
Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.