Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовски: Дали Љупчо Николовски штити од прогон лик од Крива Паланка кој демолирал кафеана и тероризирал граѓани?

Арсовски: Дали Љупчо Николовски штити од прогон лик од Крива Паланка кој демолирал кафеана и тероризирал граѓани?
Img 7972

Власта на СДСМ штити, а со тоа и дозволува локални насилници да тероризираат граѓани, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„На ден 24 јануари лицето Иван Георгиевски од Крива Паланка, член на СДСМ и никако поинаку, воедно и пајташ на Љупчо Николовски, демолирал кафеана. За тоа постои и полициска белешка во билтенот, но од тогаш навака ниту се постапува по случајот, ниту лицето на било каков начин е санкционирано. Дали и што се постапува по овој случај? Дали Љупчо Николовски го заштитил својот пајташ и насилник? Ова лице има фотографии со Оливер Спасовски и Зоран Заев, што остава сомнеж дека власта го заштитува“, кажа Арсовски.

Според него, СДСМ, заевизмот и Љупчо Николовски очигледно немаат намера да се борат против прекршителите на законот.

„Постои основано сомнение дека тие или штитат криминал или се длабоко навлезени во незаконски дејства. Јас верувам дека и првото и второто се точни“, рече партискиот портпарол.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат