Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Дали со аудиоснимката од свиркачи се потврди спрегата меѓу Заев и Боки 13?

Арсовски: Дали со аудиоснимката од свиркачи се потврди спрегата меѓу Заев и Боки 13?

Скопје, 13 февруари 2020

Зоран Заев е сценаристот и режисерот на случајот „Рекет“ и тоа веќе сите го знаат. Зоран Заев е „капо ди тути капи“ и Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој три години ја пустоши Република Македонија.

Тоа што целата јавност го знаеше изминативе месеци по обелоденувањето на случајот „Рекет“, сега веќе се потврдува јавно. Зоран Заев бил целосно во тек со изнудите, злоупотребите и политичките притисоци преку кој работела медиумско-обвинителската машинерија. Целата јавност сега слуша и гледа дека Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева не можеле да рекетираат милиони евра без да имаат политичка заштита од највисоко ниво.

Случајот „Рекет“ очигледно се прикрива од страна на обвинителството на Русковска и Јовевски коишто се во директна спрега со Заев. Вчера јавноста беше сведок на шокантен доказ презентиран од страна на пратеникот Милошоски, а доставен од свиркач, кој индицира дека лицето Зоран Заев не само што остварувал редовни и непосредни комуникации со Бојан Јовановски, туку и директно го помагал финансирањето на неговата телевизија.

Јавно го прашуваме Заев да и одговори на јавноста да не ја држи во неизвесност иако веќе се знае, дали ова лице коешто говореше на снимката е Зоран Заев?

Ова е нова светлина на случајот којшто Русковска и Јовевски го заглавија само на двајца или тројца осомничени.

Новата аудио снимка покажува дека ова лице за кое се сомневаме дека е Зоран Заев директно бил известуван за сите операциите којшто ги работел Бојан Јовановски, односно сопственикот на 1ТВ – Боки 13. Односно знаел дека изнудил пари за рекламирање на телевизијата, мамел бизнисмени за проекти на неговиот Меѓународен сојуз, но најстрашно со коешто се отвора сомнение дека на ваков начин лично СДСМ или владата на Заев на неколку пати помагале во телевизијата 1ТВ, којашто е во сопственос на Боки 13, главно за маркетинг уште од октомври-ноември 2018 година.

Да потсетиме дека токму во овој период се отвораа случаи на СЈО за кои подоцна се потврди дека биле исценирани само за да се изнудуваат милиони евра пари од страна на бизнисмени коишто ги инволвираат во судските предмети.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме