Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Стратешкото партнерство со САД се надградува со зголемена соработка

Градот Скопје има можност да учествува во целосно финансирана едногодишна програма за градење на капацитетите на покана на Универзитетот Харвард, соопштија од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Градоначалничката Арсовска во тридневната посета на САД оствари средба со градоначалничката на Бостон Мишел Ву, со која дискутираше за предизвиците со кои градовите се соочуваат и решенија со кои истите можат да се надминат. Мишел Ву која истакнува дека најголемите предизвици можат да се надминат преку градење на заедништво, е исто како и Арсовска во Скопје, прва избрана жена градоначалник на Бостон“, информираат од оваа институција.

“Ми беше чест да го претставувам градот Скопје на иницијативата која во САД обединува градоначалници кои можат билатерално да понудат поддршка и да разменат искуства и знаења. При сите заеднички предизвици со кои се соочуваат градовите, ова е единствена платформа наменета за градоначалници, каде се градат капацитетите за поуспешно справување со секојдневните проблеми, се разменуваат идеи, учат едни од други и си помагаат под исклучително менторство на Универзитетот Харвард“, изјавила Арсовска.

Можете да прочитате

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура