Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска: Се регулира статусот на закупците на Дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор

Арсовска: Се регулира статусот на закупците на Дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор
300x250 opst2

Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакна градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, со кои разговараше за затекнатата правна состојба и за условите во кои тие работат, се вели во соопштението од Град Скопје.

Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење.

Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година.

Градот Скопје информира дека постојната состојба ги оштетува лицата кои ги користат куќичките бидејќи немаат решен статус, како и Градот при што се дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор.

Сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење на истите.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка