Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Секогаш се залагам за почитување на прописите и законите и на изборите ќе биде така

Арсовска: Секогаш се залагам за почитување на прописите и законите и на изборите ќе биде така
Dik 300x250 mk

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешното потпишување на Кодексот за фер и демократки избори ја истакна важноста за придржувањето кон прописите во спроведување на изборниот процес, како и личната заложба во својата професионална кариера за владеење на правото.

„Со потпишување на овој Кодекс ние се обврзуваме дека ќе ги гарантираме демократските процеси и ќе биде гаранција дека секој од нас ќе ги почитува принципите и владеењето на правото и со тоа ќе овозможиме сите процеси кои се гарантирани во текот на изборите, ќе се спроведат во фер и демократска атмосфера и ќе опстоиме на тоа. Како личност што не се занимава со политика, верувам дека на крај ќе можеме да се пофалиме со спроведување на овие избори во позитивна атмосфера и дека ќе бидат светла точка во демократските изворни процеси. Од моја страна како човек со интегритет и како некој што во изминатите 20 години секогаш се залагал за владеење на правото, за почитување на прописите и законите, и сега и овој пат ќе биде така и се надевам дека и сите останати 11 кандидати ќе ги почитуваат овие принципи и ќе имаме фер и демократски локални избори во 2021 година”, истакна Арсовска при потпишувањето на Кодексот.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман