Утрински Весник
Македонија

Арсовска седна во градоначалничката фотелја

Арсовска седна во градоначалничката фотелја

Данела Арсовска од денеска и официјално е градоначалничка на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.

На локалните избори, Арсовска како независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник, Петре Шилегов.

Шилегов со букет цвеќе ја пречека новата градоначалничка и ѝ посака успешна работа во престојниот мандат.

Арсовска по победата најави дека посветено ќе работи уште од првиот ден на функцијата за да го трансформира Скопје во како што рече, зелен, чист, убав и модерен град.

Можете да прочитате

Левица: Свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите