Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска од врата на врата во Гази Баба: Потребно е итно решавање на актуелните проблеми

Арсовска од врата на врата во Гази Баба: Потребно е итно решавање на актуелните проблеми
300x250 opst2

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на теренската активност од врата на врата ги посети граѓаните на општина Гази Баба. На средбите Арсовска во разговор со жителите на општината ја презентираше својата програма за модерно Скопје и воедно ги слушна приоритетите кои ги истакнаа граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.

„Потребно е итно решавање на актуелните проблеми на Гази Баба, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш“, им порача на граѓаните на оваа општина Арсовска.

Притоа изнесе конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Гази Баба, како проблемот со чистата вода за пиење, непостоењето фекална канализација во некои делови од општината, лошата поврзаност со центарот на градот и високата загаденост на воздухот.

“Ќе направиме директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, ќе направиме голем мега парк во општината, ќе ги обновиме постојните и ќе создадеме нови пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и летниковци, ќе направиме фекална канализација“, им посочи Арсовска на граѓаните на општината и најави дека ова се само дел од проектите.

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!