Утрински Весник
Македонија

Арсовска на традиционалното одбележување на празникот Св.Трифун во село Кучково

Арсовска на традиционалното одбележување на празникот Св.Трифун во село Кучково
Dik 300x250 mk

По повод христијанскиот празник Свети Труфун, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска присуствуваа на традиционалното закројување на лозови насади во скопско Кучково, општина Ѓорче Петров.

Традиционално, овој христијански празник се чествува во скопското село Кучково, во манастриот кој е посветен на големиот маченик и исцелител Свети Трифун.

Градоначалничката Арсовска го честита празникот кој секоја година се одбележува во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозарите, посакувајќи бериќетна година за сите.

„ На одбележувањето на христијанскиот празник Св.Трифун истакнувам желба за добро здравје и богат род на лозјата – кажа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Свети Трифун е празник на лозарите, за плодност на лозјето, но како и секој празник, е празник за здравје во семејството.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи