Утрински Весник
Македонија

Арсовска: На Меѓународниот ден на младите за првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите го потпиша решението за формирање Собрание на млади на Град Скопје, кое се основа за првпат во Градот Скопје, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на денешното одбележување, Градоначалничката Арсовска оствари средба со претставниците на Иницијативниот одбор за конституирање Собрание на млади на Град Скопје, кои ја информираа за подготвителните активности за организирање на конститутивнaта седница на Собранието на млади на Град Скопје.

Иницијативниот одбор по спроведен јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје ги избра делегатите на собранието во кое членуваат претставници од младински организации, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

Собранието на млади на Град Скопје ги избира членовите на Локалниот младински совет на Град Скопје кои согласно регулативата ги застапуваат интересите на младите и креираат политики наменети за младите на подрачјето на град Скопје.

Град Скопје посветено работи на подобрување на условите за живот на младите, а формирањето на Локалниот младински совет значително ќе придонесува за зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво.

Можете да прочитате

Перински во Гази Баба: Со инвестирање во проекти за најмладите, инвестираме во нашата иднина

Мицкоски и Таравари ќе пијат „збогум кафе“

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам во Кочани