Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Инвестираме во реконструкција на водоводната мрежа за поквалитетно водоснабдување во Горно Лисиче

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска извршија увид на почеток на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во населеното место Горно Лисиче во општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„ Со реконструкцијата на оваа водоводна мрежа овозможуваме поквалитетно водоснабдување за жителите во Горно Лисиче. На овој потег изведуваме нова соодветна водоводна мрежа, по што ќе се напушти од употреба постоечката која е со незадоволителен профил. Вкупната заедничка инвестиција за реализација на овој проект во општина Аеродром изнесува над 9 милиони денари – истакна Арсовска.

„ Водоводната мрежа на дел од улицата Ѓорѓи Капчев 1 и нејзините 4 крака се реконструира во вкупна должина од околу 580 метри, со што ќе се овозможи реконструкција на приклучувањето на објектите на таа нова мрежа. Реконструираната водоводна мрежа ќе се поврзе на веќе постоечката водоводна мрежа со профил Ф-150мм на улицата Ѓорѓи Капчев – истакна Перински.

„ Општина Аеродром заедно со Јавното претпријатие на Град Скопје, Водовод и канализација како заеднички инвеститори започнуваат со реализација на овој проект со цел подобро водоснабдување за жителите од населбата Горно Лисиче. Општина Аеродром го слуша гласот на граѓаните и ги подобрува услугите со инвестиции во инфраструктура – изјави Муцунски.

Можете да прочитате

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство