Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска: Има сомнежи дека пожарот кај „Треска“ е подметнат, жителите виделе некои лица

Арсовска: Има сомнежи дека пожарот кај „Треска“ е подметнат, жителите виделе некои лица
300x250 opst2

По избувнувањето на големиот пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“ скопската градоначалничка Данела Арсовска излезе на терен со пожарникарите, кои неколку часа го гаснеа огнот, борејќи се со огнената стихија за да спречат таа да се прошири.

Арсовска нагласи дека има индиции според кои станува збор за подметнат пожар.

„Информација што ја добивме од околните жители е дека виделе дека има лица на овој потег непосредно пред пожарот. Искрено се надевам дека институциите ќе преземат сè што е во нивна надлежност да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност. Она што го добивме како информација е дека во повеќе наврати се случуваат пожари на овој потег, јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба, меѓутоа пред сè не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нивниот живот и нивното здравје да се загрозени од некој што е неодоговорен и што презема постапки што се на штета и на градот и на луѓето“, рече градоначалничката.

Арсовска појасни дека станува збор за објект, кој во моментот е дел од постапка на стечај и има стечаен управител.

„Веруваме дека во најкраток можен рок треба надлежните институции да преземат мерки, да разговараат и да се превенира ова што се случува на оваа локација“, кажа скопската градоначалничка.

Можете да прочитате

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години

Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните