Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Има неколку можни локации за мега паркот во Чаир

Арсовска: Има неколку можни локации за мега паркот во Чаир

Еден од петте мега паркови дел од изборната програма на Данела Арсовска, ќе биде лоциран во Чаир. За попрецизна локација на овој парк Арсовска вели дека има неколку можни локации и сите нудат опции овој простор да биде раззеленет и исполнет со содржини.

„ Мега паркот во Чаир ќе биде на локација на која што дополнително со новите општински власти по локалните избори ќе треба да ја утврдиме. Има простор што е однапред определен, а тоа е кај Топаана меѓутоа дополнително ќе работиме на делот да се уреди и да има уште една зелена површина а тоа е кај Скопскиот аквадукт.

Верувам дека имаме премногу простори и места каде може да се сместат убави и квалитетни паркови и рекреативни содржини за скопјани. И не смее да се дозволи градоначалникот во заминување да ги исполни со згради и со бетонски згради како што тоа го правеше изминатиот мандат”, истакна Арсовска.

Можете да прочитате

Демократски Сојуз смирува: Војната во Иран брзо ќе заврши

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон