Утрински Весник
Македонија

Арсовска: За бесплатниот јавен превоз постојат многу решенија

Арсовска: За бесплатниот јавен превоз постојат многу решенија

На денешната прес-конференција на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во врска со финансирањето на јавниот превоз, таа посочи дека ако се погледне финансиската состојба на јавното претпријатие тоа е во загуба последните шест месеци за 139 милиони денари, а од друга страна, како што кажа, и јавното претпријатие и градот Скопје се задолжени.

Арсовска за јавниот бесплатен превоз рече дека тоа е зелена трансформација за која се достапни многу фондови, а постојат многу концепти како истото функционира во европските градови, а може да се направи и во Скопје да функционира, брзо и сигурно, без грешки и чекање.

Таа исто така посочи дека градот има лошо менаџирање во врска со јавното претпријатие за превоз на скопјани, зошто, како што рече, колку и да му се даде средства на лошиот менаџер тој пак ќе биде загубар.

„Зборуваме за некој кој го имал буџетот на Скопје во свои раце за да направи нешто, а не направил ништо, прашајте го Шилегов каде се трошат парите на граѓаните, помогнете им на скопјани да ја видат реалната слика“, нагласи Арсовска.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром 

Црна статистика: Пет уапсени за семејно насилство за едно деноноќие

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ