Утрински Весник
Македонија

Арсовска во Кисела Вода: Решавање на урбанистичкиот хаос

Арсовска во Кисела Вода: Решавање на урбанистичкиот хаос

Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска при посета на скопската општина Кисела Вода разговараше со граѓаните за проектите од изборната програма предвидени за нивната општина.

За жителите на Кисела Вода, голем проблем е прекумерната градба на нови згради со што им се окупира животниот простор, се намалуваат зелените површини, а и се намалува капацитетот на паркинзи.

Арсовска во директен разговор со нив ги претстави проектите од својата изборна програма кои се изградени токму врз основа на овие проблеми, како создавање на еден од 5те мега паркови токму во Кисела Вода, повеќе монтажни паркинзи со што значително ќе се реши проблемот со узурпирање на просторот меѓу зградите и на тротоарите, поврзување на Кисела Вода со велосипедска патека, чистење на дивите депонии низ целата општина како и изградба на директна патна поврзаност со Аеродром.

Можете да прочитате

Пожар во центарот на Скопје, интервенираат пожарникарите

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите  

Реџеп Исмаил за медиумското ембарго за Левица: Што е следно – забрана за избори или затвор?