Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска: Ароганцијата не му дозволува на Шилегов да погледне подалеку

Арсовска: Ароганцијата не му дозволува на Шилегов да погледне подалеку
300x250 opst2

Проектите кои се дел од мојата програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кои се соочуваат сите скопјани. И тоа ни е потребно веднаш, не за 10 или 20 години, вели кандидатката за градоначалник на Скопје, Даниела Арсовска, откако нејзиниот опонент, Петре Шилегов, денеска посочи дека нејзините идеи за градскиот превоз, служат за потсмев на социјалните мрежи.

„Мрзеливоста и ароганцијата не му дозволуваат на Петре Шилегов да погледне пошироко од својата политичка матрица и политичка кариера. Четири години имавме градоначалник од кој не видовме ниту еден реализиран проект, освен обиди за нешто во последните неколку месеци. Изгубени во сопствената мрзеливост, незнаење и фалбаџиство“, вели Арсовска.

Според неа, на Скопје му треба менаџер, а не политичар.

„На градот му требаат брзи и сигурни решенија. На Скопје му треба некој кој секојдневно се соочува со пробелмите и кој заедно со скопјани ќе најде решение за истите“, порача Арсовска која трди дека проектот за бесплатен јавен превоз нема да значи загуби за ЈСП.

„Вакви проекти има низ многу градови во Франција, Естонија, Луксембург. Скопјани заслужуваат модерен, брз и сигурен град, со добро менаџирање на средствата ќе имаме ефикасни решенија“, истакнува таа.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка