Утрински Весник
Македонија

Арслани: Се прават проценки дали и во Куманово да се воведе карантин

Арслани: Се прават проценки дали и во Куманово да се воведе карантин

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Новиот објект за хирургија во Охрид ќе функционира како болница за заразени од коронвавирус, а во Куманово ќе се прави стручна проценка дали да се воведе карантин како во Дебар, рече заменик-министерот за здравство Арменд Арслани во вечерашното гостување на „Топ тема“.

Тој информира дека девет лица од Струга имаат КОВИД-19, а две од нив се утврдени денеска. Вкупно 43 се под здравствен надзор. Двајца се заболени во селото Татеши, еден во Велешта и уште шест во Лабуништа.

Во Лабуништа функицонира и локалниот кризен штаб, будно се следи состојбата, се аналзиираат сите информации и се консултираат епидемиолошките служби по чија препорака се постапува.

Во Охрид се регистрирани три слуачи, а 62 лица се под надзор. За неправилности и непочитување на мерките постапуваат надлежните органи.

Според Арслани, во Дебар нема новозаболени, а бројката е 47 лица. Вкупно 30 се во домашна изолација, а девет со завршен период на изолација. На Инфективната клиника се хоспитализирани пет пациенти од Дебар, од десет лица се земени брисови и се чекаат резултати.

-Инциденцата во Дебар е 162,3, во Куманово 32,9, додека во Скопје и  во Штип има 28,5 заболени на 100.000 жители, исткна заменик-министерот. мч/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме