Утрински Весник
Спорт

Арсенал со 10 играчи изддржа на „Енфилд“ и дома ќе брка финале од Лига купот

Арсенал со 10 играчи изддржа на „Енфилд“ и дома ќе брка финале од Лига купот
Dik 300x250 mk

Иако повеќе од 75 минути играа со играч помалку, Арсенал изддржаа за 0:0 реми на гости кај Ливерпул во првиот меч од полуфиналето на Англискиот лига куп (Карабао купот), за патникот во големото финале на „Вембли“ да се решава во Лондон во вториот меч.

Гранит Џака го „расипа“ мечот, кога во 24. минута имаше апсолутно непотребен груб старт над Диого Жота, за да го добие својот шести црвен картон во дресот на „топчиите“. И покрај, ова одбраната на Арсенал успеа да изддржи, а Ливерпул во отсуство на своите двајца први стрелци, Мохамед Салах и Садио Мане, не најде решение во нападот.

Во финалето подобриот од овој двомеч ќе игра со Челси, кои веќе ги елиминираа Тотенхем со две победи (2:0 дома и 1:0 на гости).

> Арсенал со 10 играчи изддржа на „Енфилд“ и дома ќе брка финале од Лига купот <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен