Лондон, 15 април 2020 (МИА) – Иако сè уште не е јасно кога ќе отвори прозорецот за трансфери ова лето, многу големи клубови не се загрижени за финансиската состојба и веќе размислуваат за тоа како да ги зајакнат своите тимови.
Арсенал е првиот топ тим во Премиер лигата што направи специфичен трансфер потег. Според медиумите на Островот, лондонскиот тим веќе „ставиле на маса“ 43,5 милиони фунти за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Томас Партеи.
Точно толку е и клаузулата за ослободување во договорот за интернационалецот од Гана со „јорганџиите“.
Арсенал бара да ги надмине останатите кандидати за Партеи, кој исто така е посакуван од Рома, Интер и Манчестер Јунајтед.
Атлетико се обидува да го убеди играчот од средниот ред да потпише нов договор, иако неговиот сегашен истекува за три години. Целта на шпанскиот тим е да вклучат нова клаузула за ослободување која е многу поголема од сегашната.