Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Арсенал со позиција за остатокот од сезоната

Арсенал со позиција за остатокот од сезоната
Img 7972

Лондон, 4 април 2020 (МИА) – Раководството на Арсенал настојува да се заврши сезоната во Премиер лигата. Ова се наведува во изјавата објавена на официјалната страница на англискиот тим.

Сите фудбалски првенства на Стариот континент, со исклучок на Белорусија, во моментов се суспендирани поради пандемијата од коронавирус.

– Целосно ја поддржуваме идејата за завршување на првенството и ФА Купот со цел да се зачува интегритетот на секој турнир. Исто така, се согласуваме дека натпреварите мора да бидат продолжени со одобрение од соодветните власти и медицинските професионалци. Премиер лигата постојано се одложува како што расте пандемијата. Но, ние заедно со останатите тимови ја следиме ситуацијата и подготвени сме да работиме заедно, се вели во соопштението на Арсенал.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

Младата репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел