Арсенал, конечно, сврза две победи во низа, откако со 4:0 го декласираше последнопласираниот тим од Премиер лигата, Норич, кој сигурно плови кон втората лига, додека Евертон ја продолжи лошата низа на Лестер со 2:1 победа. Њукасл исто така беше убедлив, победувајќи со 4:0 на гостувањето кај Бурнемаут.
Пјер-Емерик Обамејанг постигна два гола, и му асистираше на Гранит Џака, а Седрик Соареш ги „дотепа“ Норич за убедлива 4:0 победа со која Арсенал ги помина Тотнехем на седмото место на табелата со 46 поени.
Евертон пак, осигура Лестер да остане без победа по рестартот на Премиер лигата, со 2:1 триумф, по кој вечерва Челси со победа над Вест хем ќе ги помине на третото место на табелата. Тимот на Брендан Роџерс може многу лесно да го загуби и местото во Лигата на шампионите, бидејќи сега Манчестер јунајтед е на само три поени од нив.
Ришарлисон уште во 10. минута ги „стресе“ „лисиците“ пред Гилфи Сигурдсон само шест минути подоцна да зголеми на 2:0. Лестер беше подобар во второто полувреме и врати еден гол преку Келечи Ихеаначо во 51. минута, но не успеа да направи пресврт.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 32.КОЛО
Арсенал – Норич 4:0
Бурнемаут – Њукасл 1:4
Евертон – Лестер 2:1
АРСЕНАЛ – НОРИЧ
ЕВЕРТОН – ЛЕСТЕР
БУРНЕМАУТ – ЊУКАСЛ
Текстот Арсенал рутински со „фенерџијата“, Евертон подобар од Лестер е превземен од МАКФАКС.