Утрински Весник
Спорт

Арсенал размислува за размена на Лаказет со Лемар од Атлетико

Трансферот на Лаказет во Атлетико зависи од Диего Коста

Лондон, 21 мај 2020 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал и членот на Ла Лига, Атлетико можат да направат размена на играчи на крајот на сезоната, објави шпански „Ас“.

Постои можност дека напаѓачот на „топџиите“ Александар Лаказет да се пресели во мадридскиот клуб, а играчот од средниот ред Том Лемар да продолжи во спротивна насока.

Арсенал ја разгледува можноста за ваква размена, додека Атлетико, беше подготвен да го финализира овој договор уште во јануари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж

Квјат загуби од беспилотно возило во трката „Вештачка интелигенција наспроти човек“

Синер прв финалист на Завршниот АТП турнир