Лондон, 29 април 2020 (МИА) – Арсенал нема да го обнови договорот со играчот од средниот ред Месут Озил, информира „ЕСПН“.
Според изворот, „топџиите“ сметаат дека платата на 31-годишниот Германец во висиниа од 350 илјади фунти неделно е премногу висока. Се соопштува дека неколку клубови од Германија и Турција покажуваат интерес за Озил, но исто така не се подготвени да ги исполнат барањата на фудбалерот.
Во сезоната 2019/20, Озил настапи на 23 натпревари за Арсенал, има еден гол и три асистенции. Германскиот договор со „топџиите“ важи до крајот на јуни 2021 година. зс/