Утрински Весник
Спорт

Арсенал, конечно, како вистински „топчии“

Арсенал, конечно, како вистински „топчии“

Арсенал се врати на победите, откако на „Емирати“ стигна до убедлив 3:1 триумф над Астон вила за да се израмни со Манчестер јунајтед на табелата пред нивното дерби со Ливерпул овој викенд.

Томас Парти го постигна својот прв гол во дресот на Арсенал во 25. минута да донесе водство на тимот на Микел Артета за во финишот на првото полувреме да биде досуден пенал за домаќините. Емилијано Мартинез, инаку поранешен голман на Арсенал, го одбрани првиот обид на Пјер-Емерик Обамејанг, за одбиената топка сепак да заврши во неговиот гол. Џејкоб Ремзи во 82. минута го намали водството на Арсенал.

Емил Смит-Роу во 56. минута ги запечати трите поени за Арсенал, кои доаѓаат по две ремија во низа за „топчиите“, кои исто така имаат шест меча без пораз во Премиерлигата.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Арсенал, конечно, како вистински „топчии“ <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара