Утрински Весник
Спорт

Арсенал испушти победа против Лестер (Видео)

Арсенал испушти победа против Лестер (Видео)

Арсенал и Лестер одиграа 1:1 во дербито на 34 коло во Премиерлигата. Пјер-Емерик Обамејанг и Џејми Варди ја продолжија трката за најдобар стрелец во лигата, Габонецот го постигна 20, а англискиот репрезентативец 22 гол во сезоната.

Обамејанг го постигна првиот гол на натпреварот во 21 минута. До крајот на првиот дел „топџиите“ не искористија уште две добри шанси за зголемување на предноста.

Во вториот дел клучниот момент се случи во 71 минута кога Нкетија поради невнимателен старт доби директен црвен картон. Младиот играч на Арсенал на теренот мина помалку од една минута.

Со играч повеќе Лестер изврши притисок и успеаја да израмнат во 84 минута преку Варди.

Лестер поради нерешениот резултат паднаа на четвртото место со 59 бода, четири повеќе од Манчестер Јунајтед, додека Арсенал се седми со 50 бодови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина