Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Арсенал го победи Њукасл

Арсенал го победи Њукасл
300x250 opst2

Лондон, 16 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерите на Арсенал ја слават втората победа во 2020 година. Низата од три порази ја прекинаа попладнево на „Емирати“ со триумф над Њукасл со 4:0 и со новите три освоена бода се доближија до позициите на табелата кои водат во Европа за наредната натпреварувачка сезона.
Но, воведните 45 минути не навестуваа таков крај во дуелот меѓу Арсенал и Њукасл. Голови немаше, па многумина на трибините се подготуваа во паузата за уште една претстава без хепиенд од нивните миленици.
Меѓутоа продолжението предизвика „експлозија“ од воодушевување во гледалиштето. Обамејанг и Пепе во само три минути ги натераа гостите двапати да тргнат од центарот на теренот за убедливи 2:0 за Арсенал по 57 минути игра. Предноста беше удвоена во финишот со погодоците на Езил во 90’ и на Лакзает во петтата од судиското надополнување за конечни 4:0 на „Емирати“ во Лондон.
Во првиот денешен дуел во Премиер лигата, Тотенхем со голот на Сон во самиата завршница, ја совлада Астон Вила со 3:2. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН