Утрински Весник
Магазин

Арми Хамер се разведе по 10 години брак, и сè уште верува во љубов

Арми Хамер се разведе по 10 години брак, и сè уште верува во љубов

Тие имаа 13-годишно патување, кое вклучуваше 10 години брак, но во јули годинава холивудскиот актер Арми Хамер објави дека се разведува од сопругата Елизабет Чемберс.

Во изјавата објавена од парот, Арми напиша: “13 години како најдобри пријатели, сродни души, партнери и потоа родители. Беше неверојатно патување, но заедно, решивме да свртиме страница и секој од нас да продолжи понатаму, но не во брак. ”

„Можеби сето ова изгледа мирно на површината, но тоа беше сеизмички настан за мене,“ рече тоја за британскиот GQ.

Сепак, актерот сè уште не го занемарува Купидон, богот на љубовта и страста кај старите Римјани. Во интервју за регионалните медиуми во петокот, 16 октомври, кога говореше за неговиот претстоен филм на „Нетфликс“, „Ребека“, 34-годишниот Арми изјави: „Верувам во љубов. Не сум разочаран од љубовта.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста