Утрински Весник
Свет

Армиски вод и хеликоптер со екипаж ќе бидат испратени како помош во гаснењето на пожарите во Грција

Владата на Република Северна Македонија во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција донесе одлука за испраќање припадници и капацитети на Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на гаснење на пожарите во Грција.
Се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со екипаж и потребни капацитети за гаснење пожар.

dobivaj vesti na viber

Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција во врска со поддршката при гаснењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана – Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, соопшти Владата.

Можете да прочитате

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов

Нова железничка несреќа во Шпанија

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг