Утрински Весник
Спорт

Арда Туран ќе се врати во Галатасарај

Истанбул Башакшехир го врати Арда Туран во Барселона

Истанбул, 1 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред, Арда Туран ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, пренесува спорт.ес.

Според извори, тренерот на турскиот тим Фатих Терим го убедил претседателот на клубот, Мустафа Тенгиз да потпише со 33-годишниот играч од средниот ред.

Туран моментно има договор со Барселона, но истекува на крајот на јуни 2020 година.

За време на сезоната 2019/20 играше во Истанбул ББ, запиша 12 натпревари за тимот. Во јануари 2020 година, клубот го раскина договорот со играчот.

Туран ги бранеше боите на Галатасарај од 2000 до 2011 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност