Утрински Весник
Спорт

Аргентински весник: Марадона е погребан без срцето!

Аргентински весник: Марадона е погребан без срцето!

Диего Марадона беше погребан далеку од очите на јавноста, а во ковчегот го немало срцето на славниот фудбалер. Оваа информација ја пренесува угледниот аргентински весник „Кларин“ повикувајќи се на извори блиски на истрагата. Таа е покрената штом се дозна дека фудбалерот починал во својот дом каде се опоравуваше по операцијата на главата.

Според информациите на изворот, лекарите при обдукцијата забележале дека срцето на Марадона е многу поголемо од очекувањата, па во договор со семејството, го земале за дополнителни испитувања.

Пет патолози утврдиле дека Марадона починал од срцев удар. Тие истакнаа дека во прашање е „конгестивна и хронична срцева инсуфициенца“. Тој проблем довел до „акутен едем на белите дробови што потоа го предизвикало смртниот исход“ соопштија медицинските служби по обдукцијата.

Сепак, она што не и било соопштено на јавноста е дека срцето на легендарниот фудбалер, при обдукцијата, било абнормално големо.

„Срцето на Диего затоа е извадено и сочувано за понатамошни испитувања затоа што се испоставило дека е двојно поголемо од тоа што обично е“ објави „Кларин“ повикувајќи се на извори од истрагата.

> Аргентински весник: Марадона е погребан без срцето! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027