Утрински Весник
Спорт

Аргентинецот ќе остане во Барса до 2026 година

Еден од најискусните играчи на Барселона, Николас Лапровитола, потпиша договор со клубот до 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Должината на договорот е вистинско изненадување, бидејќи кога ќе му заврши истиот, Лапорвитола ќе има 36 години.

Овој кошаркар во Барселона пристигна од Реал Мадрид, претходно играше за Хувентуд од Бадалона. Минатата сезона имаше просек од 9,5 поени по натпревар во Ендеса лигата.

Барселона откако не успеа да ја освои титулата во домашното првенство и во Евролигата, реши да направи реконструкција на тимот. Досега се засили со Томаш Саторански, Јан Весели, Никола Калиниќ и Оскар Да Силва.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал