Утрински Весник
Спорт

Арбреша Реџепи за 1 минута го заврши настапот на ОИ во Токио

Арбреша Реџепи за 1 минута го заврши настапот на ОИ во Токио
Dik 300x250 mk

Македонската џудистка, Арбреша Реџепи иако имаше големи амбиции, по само една борба, и по само една минута на душекот на Олимписките игри во Токио, загуби со ипон од Британката, Жил Челзи, во категоријата до 52 килограми и го заврши настапот на ОИ.

Реџепи беше третата спортистка од македонската делегација на Олимпијадата во Јапонија која го имаше својот настап, но и таа како и нејзините претходници, многу рано е елиминирана.

Вчера олимпиецот Бојан Бранковски заврши на 21-то место во квалификациите во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, додека пливачот Филип Дерковски беше последен на 400 метри слободно во квалификациите.
Фото: МОК

> Арбреша Реџепи за 1 минута го заврши настапот на ОИ во Токио <

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане