Утрински Весник
Македонија

Арбер Исаку е новиот заменик-претседател на Советот на јавни обвинители

Арбер Исаку е новиот заменик-претседател на Советот на јавни обвинители

Обвинителот Арбер Исаку е избран за заменик-претседател на Советот на јавни обвинители во следните две години. Одлуката е објавена на веб-страната на Советот.

Тој доаѓа на место на досегашниот заменик претседател Меџит Јусуфи, а оваа функција ја извршуваше и во периодот од 2016 до 2018 година.

Има работено како судски преведувач во Основен Суд Тетово, бил советник во Владата во 2009 година, а потоа и советник во Собранието.На 01.05. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија. На 22.09.2016 година е избран за заменик претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу