Утрински Весник
Македонија

Арачиновец обвинет за убиство на сопругата

Скопјанец обвинет за малтретирање на партнерката и нејзиното дете

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице од скопското село Арачиново за кривичните дела убиство и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а јавниот обвинител до Судот достави предлог со кој побара да биде продолжен претходно определениот притвор за обвинетиот, заради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците​.

Како што информира ОЈО, обвинетиот 39-годишник, на 29 април годинава, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот неговата сопруга.

-Тие откако се вратиле од прошетка и влегле во нивната соба, започнале вербална расправија заради брачни недоразбирања. Во еден момент, обвинетиот се упатил кон подрумските простории во куќата каде што неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Pietro Beretta MOD.70” со калибар 7,65 мм. Пиштолот го ставил во џебот од јакната и се вратил во собата каде што била оштетената. Двајцата сопружници продолжиле да се расправаат, а обвинетиот го извадил пиштолот, го вперил кон оштетената со закана дека ќе ја убие и испукал еден куршум во задната страна на главата. Од повредите дошло до пореметување на работата на важни витални центри и настапил смртен исход кај оштетената, соопшти ОЈО. вј/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ