Утрински Весник
Свет

Апсењето на амбасадорот на Хамас во Саудиска Арабија е прекршување на конвенциите

Апсењето на амбасадорот на Хамас во Саудиска Арабија е прекршување на конвенциите

Професорот Саад ал Факих, саудиски политичар и основач на Движењето за исламски реформи во Арабија (МИРА), во неделата изјави дека притворањето на д-р Мухамед Ал Кодари, амбасадорот на Хамас во Ријад, претставува кршење на саудиските и меѓународните конвенции.

Зборувајќи за новинската агенција „Шехаб“, Ал Факих рече дека Ал Кодари бил официјален амбасадор во Кралството и уживал во безбедноста бидејќи претставувал официјална палестинска партија, како и дека имал контакти со саудиски претставници.

Истакнатиот саудиски академик посочи дека „нема законска или конвенционална основа за притвор на Ал Кодари“, нагласувајќи дека неговиот притвор е обичен политички притисок.

Ал Факих привлече внимание кон страните кои имаат корист од притворот на Ал Кодари и истакна дека на овој Палестинец треба да му биде оддадена почест.

„Ако земјата не го сакаше на нејзино тло, барем, треба да го депортира“, рече Ал Факих.

Тој повтори дека неговото притворање е обид да се изврши притисок врз Хамас, како и да се наруши каква било меѓународна солидарност со палестинската кауза во кралството, пред сè во светло на актуелните договори за нормализација потпишани меѓу арапските режими и Израел.

Професорот Ал Факих истакна дека ослободувањето на Ал Кодари бара заеднички меѓународен притисок врз Саудиска Арабија. Ова, сепак, тешко дека ќе се случи наскоро, бидејќи Хамас не ја ужива поддршката на западните земји или постојните арапски режими.

 

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70