Утрински Весник
Македонија

Апсења во Крушево, пронајдени 60 килограми марихуана кои исчезнале од фирма за медицински канабис

Апсења во Крушево, пронајдени 60 килограми марихуана кои исчезнале од фирма за медицински канабис
Dik 300x250 mk

Од страна на Одделот за криминалистичка полиција, вчера (19 декември) биле уапсени три лица – Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Албанија и Р.К. (22) од Косово, поради сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога.

Како што информираат од МВР, поради сомнение дека во викенд куќа во крушевскотo село Врбоец се наоѓа поголема количина марихуана, за која постои сомнение дека е одземена од простории на крушевска фирма за производство на медицински канабис, со судска наредба извршен бил претрес во викендичката, при што се пронејдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана.

При претресот било затекнато едно лице кое се обидело да побегне, но за кратко време било уапсено, при што било констатирано дека се работи за 22-годишниот Т.С. од Скопје.

Исто така, со судска наредба од Основен суд во Крушево, претрес бил извршен и во изнајмени соби од сместувачки објект во Крушево, во кои престојувале лицата: В.К., Р.К., Л.С.(23) и Т.С., при што биле пронајдени и одземени масло од хашиш и марихуана.

Притоа биле уапсени и Косовецот и Албанецот.

На приведените лица, во координација со Јавен обвинител им е одредена мерка притвор, по што од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Истрагата на Одделот за криминалистичка полиција продолжува и во текот на денешниот ден, во соработка со Министерството за здравство, при што во моментов се врши инспекциски надзор на фирмата за производство на медицински канабис.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски