Утрински Весник
Економија

Апел до фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени

Владата ќе им помогне на стопанствениците ако има потреба

Скопје, 19 март 2020 (МИА) –  Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска апелира фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени, напомнувајќи дека инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат непочитувањето на владините одлуки.

– Деновиве сме сведоци на непочитување на препораките од Владата од страна на дел од производствените компании, рестораните и други субјекти. Апелираме фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени. Препораката на Владата производството да се одвива во четири смени со цел да има што помал број вработени во смена и да се дезинфицира просторот по секоја смена. Инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат секое непочитување на владините одлуки и заклучоци, информира Кабинетот на Царовска.

Од Кабинетот нагласуваат дека во овие моменти најважно е да го зачуваме јавното здравје, но дека покрај здравствените ризици, коронавирусот донесе и еднакво големи предизвици за светската економија.

– Таа трпи засега сè уште несогледливи негативни последици, а домашната економија, исто така, нема да остане имуна на последиците од коронавирусот и должност на Владата е час поскоро да започне со мерки на заштита и поддршка на економијата и компаниите, соопшти Кабнетот на Царовска, кој информираше и за првите економски пакет-мерки за помош на најзагрозените сектори. хс/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk