Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Апелација ја преиначи пресудата – виновникот за сообраќајката кај Млечен доби две години затвор

Апелација ја преиначи пресудата – виновникот за сообраќајката кај Млечен доби две години затвор
Img 7972

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи пресудата за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ во Скопје што се случи во октомври 2018 и во која загина едно лице и наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.

Информацијата на „Твитер“ ја објави сопругата на загинатиот.

„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа Димитриевска.

Јавното обвинителство пред пет месеци вложи жалба до Апелациониот суд.​ Кривичниот суд на 4 септември лани изрече условна казна од две години за обвинетиот, што предизвика лавина од реакции во јавноста.

Во несреќата учествуваа џип и мотоцикл, а загина возачот на мотоциклот, а тешко беше повредена и неговата сопруга, сопатничка на мотоциклот, која го загуби нероденото бебе.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица