Утрински Весник
Македонија

Апелација утре ја продолжува јавната расправа за пресудите за „27 април“

Апелациониот суд Скопје ги одложи јавните седници и расправи закажани за наредниов месец

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) –  Во Апелацискиот суд денеска со читање на пресудите за случувањата во Собранието на 27 април започна јавната расправа за поднесените жалби за пресудите.

На почетокот на судењето дел од одбраната побара да бидат изземени судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска.

Адвокатот Звонко Давидовиќ рече дека законот е многу јасен и во него стои дека ако судија во истиот суд решава и донел одлука што може да се побива со жалба, во тој случај не може да биде судија во предметот.

– Во два наврата Нича и Беџети беа судии, ние ги побивавме по жалба на суд, еднаш за гаранција, еднаш за продолжување на притворот и сметам дека законот не за џабе ова го предвидел, затоа што во образложение на решенијата го третираат кривичното дело, значи тежина на кривичното дело,  политичката мотивираност и така натаму, што покажува дека веќе имаат свој став и свое формирано мислење што е недозволиво пред да решат по жалбата, образложи Давидовиќ.

Апелацискиот суд одлучи да не го прифати барањето за изземање.

Јавната расправа за жалбите за пресудите продолжува утре.см/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон