Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев на ироничен начин, од собраниската говорница го образложи предлог текстот за собранискиот спикер Џафери, кој го нарече празен хвалоспев без аргументи. Тој рече дека никаде во светот нема поколоритно Собрание од македонското и дека фали единтвено знамето на САД, „за да се знае кој нè води“.
„Ние сме една од 30. членки на НАТО каде во уставите се вели дека суверенитетот доаѓа од граѓанниите, не од Кале. Треба да додадеме и едно американско знаме да се знае кој ја води Македонија, да го направиме да биде уште поколиритно“, рече Апасиев.
Единствен аргумент како што рече Апасиев зошто би гласал за Џафери е дека бил подобар правник од претседателот Стево Пендаровски, споредувајќи го со Че Гевара.
„Ми велат на улица сум личел на Че Гевара, затоа што сум носел таква брада и облека, но јас би рекол дека Талат е нашиот Че, од герила директно во Влада, по што му зема службена утакмица на Пендаровски, со 3-0. Рече не може да се свика Собрание, без спиекр. Ова мора да му се честира. Веројатно бидејќи е воено лице има подобри советници од Пендаровски“, рече Апасиев.
Апасиев рече дека му замерува на Џафери што фрлал амандмани на опозицијата, што не се потпишувал на документите со кирилица каде што стоело дека треба кирилично писмо и што не се обратил ниту еднаш на македонски јазик.