Утрински Весник
Македонија

Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав

Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав
Dik 300x250 mk

Четириесет и четворица пратеници од минатиот парламентарен состав доставиле барања до Собранието за апанажа, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој на денешната средба со новинарите рече дека се’ уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.

Доколку од Владата добие предлог за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, Џафери најави дека овој предлог ќе достави на гласање. Рече дека ако некои пратеници се откажат од користењето службени возила ќе им обезбеди паркинг за тротинети.

Минатата недела премиерот Зоран Заев изјави дека на поранешните пратеници ќе им понуди работа во администрација за да се откажат од апанажата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: запленети речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

ВРЕДИ: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ/НАИ