Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли глуми во современ вестерн

Анџелина Џоли глуми во современ вестерн
Dik 300x250 mk

Нејзиниот следен филм е проект на „Ворнер брос“ кој треба да се појави во киносалите и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ истовремено.

Премиерата на современиот вестерн Those Who Wished Me Dead е закажана за 14 мај оваа година, како што објавија таблоидите.

Во филмот, во режија на Тејлор Шеридан, оскаровката (45) глуми заедно со Николас Холт, Џон Бернтал, Тајлер Пери и Ејдан Гилен.

Трилерот следи сведок на убиство, тинејџер, кого го гонат атентатори во пустината Монтана, и тој мора да се справи со смртоносен шумски пожар.

Филмот е еден од десетината проекти на „Ворнер брадерс“ што оваа година ќе бидат објавени истовремено и во коносала и на „ХБО макс“, во планот на студиото да ги минимизира финансиските последици од пандемијата и затворените киносали.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Следната сабота е Митровденска задушница

Повеќе од само појадок: Oвој ролат со шунка и кашкавал ќе го обожавате

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – почнува зимското сметање на времето